full screen background image
Search

Тјуниран Jeep Grand Cherokee со 708 коњски сили!

Кога многу не е доволно, тогаш тука се тјунерите кои вадат монструозни бројки од неочекувани возила – па дечките од Geiger извадиле 708 коњски сили од големиот Cherokee SRT8!

Големиот 6.4-литарски V8 кој се крие под поклопецот на Cherokee SRT8 веќе испорачува 470 коњски сили и 630 Nm вртежен момент. Тие бројки очигледно не биле доволни за инженерите на Geiger, па тие во миксот додале 2.9-литарски компресор, благодарение на кој големиот и монструозен SUV сега има на располагање 708 коњски сили и 776 Nm вртежен момент.

Ако го преведеме тоа во перформанси – Cherokee SRT8 Geiger забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди и има максимална брзина од 295 километри на час. Суспензијата има претрпено модификации во форма на спортски спирали и дополнително зацврстување, а целиот пакет чини 23.900 евра – плус цената на нов Grand Cherokee SRT8, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.