full screen background image
Search

Lexus Hybrid викенд во Скопје!

Викендов љубителите на хибридните и високо-технолошки возила имаа можност да пробаат неколку од хибриде на Lexus во Скопје!

На располагање на заинтересираните им беа Lexus IS300h (кој ние веќе екстензивно го тестиравме), новиот NX300h и неговата не-хибридна изведба NX200t, како и големиот RX300h. Меѓу придобивките кои се силната страна на хибридните возила, највеќе се истакнуваат еколошката прифатливост и ниската потрошувачка – која веќе ја очекуваме кај хибридните автомобили.

Ние имавме можност накратко да го повозиме Lexus NX200t – не-хибридната верзија на популарниот NX – кој има на располагање 2-литарски турбо-бензинец кој нуди 235 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Со овој мотор, футуристичкиот NX има одлични перформанси и се покажа како одличен крстосувач на долги патеки. Наскоро ќе ја имаме хибридната верзија – NX300h – на тест, па ќе можеме подобро да се запознаеме со кросоверот на Lexus.

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.