Кога неодамна имавме можност да повозиме неколку различни модели на Porsche, ја искористивме шансата да снимиме неколку аудио-записи од звукот кој овие прекрасни машини го произведуваат – а утринава ќе го слушнеме 911 GTS!
Porsche 911 Carrera GTS има на располагање 430 коњски сили, благодарение на кои забрзува до 100 километри на час за 4.4 секунди и има максимална брзина од 306 километри на час, а звукот предизвикува морници! Пробајте да препознаете кога се активира Sport+ режимот на работа!