full screen background image
Search

Гладни сте? Тука е Vauxhall Taxi Kebabi да ви помогне!

Британската верзија на Opel – таму позната како Vauxhall – ќе понуди специјално комбе наменето за да ги прехрани гладните вљубеници во автомобилите!

Vauxhall Vivaro Combi е основата искористена за Taxi Kebabi, односо Abra-Kebabra. Во внатрешноста ќе најдете две вртелешки за гиро, вградени чинии за салата, широк избор на сосови и зачини, како и машина за чили. Возачот на Taxi Kebabi – Justin Trafik изјави дека „винилните седишта и под се практични за кога ќе се истури нешто“. Дополнително, портпаролот на Vauxhall Motors – April Fulls изјави дека „со Vivaro Taxi Kebabi, веруваме дека ќе им дадеме на нашите купувачи нешто во што ќе можат да ги заријат забите.“

taxi-kebabi-rear

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.