Дали концептот ќе стане реалност – Subaru BRZ STI Performance Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали концептот ќе стане реалност – Subaru BRZ STI Performance Concept

Subaru има одлична историја со прикажување навистина интересни концепти кои резултираат со разочарувачки сериски продукти – но овој пат искрено се надеваме дека ова што денес го гледаме како концепт, еден ден ќе ја здогледа светлината на денот!

Сега за сега, импресивниот BRZ STI Performance Concept е своевиден пред-прототип. Концептот го носи тркачкиот мотор од BRZ Super GT тркачкиот автомобил, па можеме да очекуваме околу 300 коњски сили, но уште поважни се суспензијата, доработената шасија и аеродинамичните подобрувања од истиот автомобил. Сепак, од Subaru не најавуваат дали ова ќе резултира со сериски модел базиран на STI Performance Concept, но кажуваат дека преку Subaru Tecnica International планираат да испорачаат додатоци и модификации за возилата, како и возила во кои возачите можат навистина да уживаат.

Што значи тоа – можеме само да погодуваме, и во меѓувреме да се надеваме дека ќе видиме сериски модел.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.