full screen background image
Search

Porsche 911 GT3 RS – Од тркачката патека директно на улиците!

Уличниот тркач на Porsche доаѓа со 4-литарски атмосферски боксер мотор од кој доаѓаат 500 коњски сили и 460 Nm вртежен момент, а тоа е доволно да стигне „до стотка“ за 3.3 секунди!

Силата на Porsche 911 GT3 RS се пренесува кон задните тркала преку 7-степен PDK менувач со двојна спојка, а перформансите се импресивни – 100 километри на час пристигнуваат за 3.3 секунди а 200 километри на час за 10.9 секунди. Дополнително, тежината на 911 GT3 RS е намалена за уште 10 килограми, благодарение на лесни материјали – магнезиум во кровот и одредени капаци се направени од карбон.

Познавачите на Porsche веднаш ќе ги препознаат и новите детали на екстериерот, како што се дополнителните отвори за вентилација. Меѓу технологијата која ја носи GT3 RS го вбројуваме и активното управување на задните тркала, Porsche Torque Vectoring Plus системот кој соработува со целосно варијабилен заден диференцијал со ограничено пролизгување и уште многу многу други детали – всушност, новиот GT3 RS ги има најшироките задни гуим некогаш поставени од фабрика на 911.

Porsche 911 GT3 RS веќе може да се нарача, а цените започнуваат од 131.000 фунти во Велика Британија, односно околу 180.000 евра. Ниска цена за автомобил кој може да заврти круг околу Nurburgring за 7 минути и 20 секунди – цели 5 секунди побрзо од 911 GT3, односно 7 секунди побрзо од легендарната Carrera GT!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.