Премиера: Новиот Hyundai Tucson! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Hyundai Tucson!

Новиот Tucson ќе го замени ix35 и ќе понуди нови мотори, порафиниран дизајн и нови технолошки решенија!

„Новиот Hyundai Tucson има храбар и атлетски пристап, постигнат преку рафинирани, течни површини, храбри пропорции, остри линии и најважно – нашата нова шестоаголна маска на ладилникот“ – изјави Питер Шрејер, одговорниот за дизајн на Hyundai Motor Group. Во внатрешноста, новиот Tucson ќе понуди повеќе простор, но и нови, поквалитетни материјали, а ќе добие и нова опрема – како што се загревани и ладени предни седишта, нова генерација на навигациски систем и уште многу друго.

Од надвор, забележливо е созревањето на новиот компактен SUV на Hyundai – многуте прекршени линии се заменети со почист и попривлечен дизајн и доминира резервираност и рафинираност наместо нафрлените дизајнерски елементи. Новиот Tucson е 4475 милимтери долг, 1850 милиметри широк и 1645 милиметри висок – и со тоа е значителни 65 милиметри подолг и 30 милиметри поширок од моделот во заминување.

Ќе се нудат два бензински мотори – 1.6-литарски бензинец со 135 коњски сили, како и 1.6-литарски турбо-бензинец со 176 коњски сили, како и три дизел мотори – 1.7-литарски турбодизел со 115 коњски сили, како и две изведби на 2-литарскиот турбодизел со 136 коњски сили и 184 коњски сили. Сите мотори ќе се нудат со 6-степен мануелен менувач, додека 1.6-литарскиот турбо-бензинец ќе може да се нарача со 7-степен DCT менувач со двојна спојка, додека помоќните турбодизели ќе можат да се добијат со 6-степен автоматик. Како што и очекувавме, ќе се нудат изведби со погон на предните или сите четири тркала.

Новиот Tucson ќе се произведува во погонот на Hyundai во Чешка, а продажбата ќе започне во втората половина на 2015.

Поврзано:  ТЕСТ: Hyundai Kona 1.6 T-GDI Premium 2WD 7DCT - Вон сите правила


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.