Новата Lotus Evora 400 доаѓа со – погодувате – 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Lotus Evora 400 доаѓа со – погодувате – 400 коњски сили!

Lotus ја освежи својата Evora и благодарение на малата диета и доработениот мотор, сега тежи 22 килограми помалку и има на располагање дури 400 коњски сили!

3.5-литарскиот компресорски V6 што се вградува во Evora доби малку магија од тимот на Lotus, па сега спортското купе има на располагање 400 коњски сили и 410 Nm вртежен момент – тоа се 45 коњски сили и 10 Nm вртежен момент повеќе, а истовремено тежината на целиот автомобил е намалена за 22 килограми. Според луѓето од Lotus, ова е нивниот најбрз модел досега направен – потребни му се 4.1 секунда до 100 километри на час, а максималната брзина е 300 километри на час!

Редизајнирани се предниот и задниот дел – односно преку две третини од автомобилот се целосно нови. Редизајнирата е и кабината, а автомобилот ќе добие нов мануелен и нов автоматски менувач, како и нов Torsen диференцијал со ограничено пролизгување. Производството ќе започне ова лето, а првите испораки ќе се случат во Август.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.