full screen background image
Search

Honda објави нови фотографии од освежениот Европски CR-V!

Популарниот SUV на Honda го доби бараното освежување и затегнување на брчките, а наскоро треба да пристигне и во продажните салони.

Освежениот модел ќе добие дискретни визуелни измени, но најважен новитет е новиот 1.6-литарски i-DTEC турбодизел кој треба дополнително да ја стимулира продажбата на популарниот модел на Honda. Новиот, модерен турбодизел испорачува 160 коњски сили и 350 Nm вртежен момент, а работи во комбинација со 9-степен (да, да, 9-степен) автоматски менувач, чија задача е да ја намали потрошувачката во однос на стариот, 5-степен автоматик.

Според Honda, купувачите нa CR-V со овој мотор ќе можат да очекуваат потрошувачка од само 4.9 литри дизел на 100 изминати километри, а Honda ветува и подобрено управување во однос на „постариот“ модел благодарение на измени во суспензијата, како и зголемена стабилност заради зголемената трага напред и назад.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.