Убедлива доминација на Mini на овогодинешниот Dakar! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Убедлива доминација на Mini на овогодинешниот Dakar!

9000-километарскиот маратон кој се возешениз Аргентина, Чиле и Боливија беше сцената на која тимот на Mini извојува убедлива победа и освои 4 од првите 5 места!

Дакар релито е еден од автомобилските настани со најдолга традиција, и иако веќе не се вози во Африка, сè уште привлекува милиони гледачи од целиот свет и е вистински тест за возачите, нивните автомобили и тимовите кои се тука за нивна поддршка. Оваа година, тимот на Mini по четврти последователен пат стигна до победата, но нивната доминација никогаш не била волку убедлива.

Годинава до победата стигна NasserAl-Attiyah, за кого ова е втора победа на Dakar, а за Mini ова е четврта последователна победа. Al-Attiyah изјави дека како што најавил минатата година од подиумот, се вратил за да победи. „Беше тешко да се води од самиот почеток и да се зачува првата позиција на долгите дистанци бидејќи трката беше навистина тешка. Многу сум задоволен со овој одличен резултат и сакам да им честитам на сите механичари и на тимот за одличната работа која ја завршија изминативе две седмици. Mini ALL4 Racing возилото е неверојатен автомобил и повторно беше одличен за возење!“ – изјави Al-Attiyah.

Mini ги освои првото, третото, четвртото и петтото место. На второто место заврши Dirk von Zitzewitz со неговата Toyota Hilux. Возилото на Peugeot – одличниот 2008 DKR возен од Stephane Peterhansel заврши на 11-тото место. Ова не е лош резултат, со оглед на тоа дека конкуренцијата оваа година беше навистина добра, а ова беше прво излегување на 2008 DRK на волку тешка трка.

Рускиот KAMAZ тимго освои првото место во категоријата на камион по трет последователен пат (и вкупно 12-ти пат од 2000-тата наваму), а титулата кај моторциклите му припадна на Marco Coma и неговиот KTM 450 Rally. Победник во класата на квадови беше Rafal Sonik (човекот со најинтересното име оваа година) и неговиот Yamaha ATV.

Поврзано:   Ова е последниот Mini Clubman


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.