Chevrolet Corvette Stingray PDR700 на Prior Design – Широк и моќен автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chevrolet Corvette Stingray PDR700 на Prior Design – Широк и моќен автомобил!

Тјунерите од Prior Design ја претставија својата верзија на Corvette Stingray – која е поширока, и најверојатно значително помоќна!

Сега за сега, луѓето од Prior Design не објавуваат никакви технички детали, но автомобилот ја носи ознаката PDR700 – дали тоа можеби сугерира 700 коњски сили? Она што е веднаш забележливо е новиот бодикит кој содржи нов преден браник, проширени предни и задни крила, нови странични прагови, нов заден браник со вграден дифузер од карбонски влакна и нов спортски издувен систем.

Во внатрешноста се забележуваат новите материјали кои се користени за ентериерот – внатрешноста на овој ентериер е изработена од алкантара и кожа – и скоро сите површини во внатрешноста се врвно обложени. Сликата ја заокружуваат големите 20-инчни тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.