full screen background image
Search

Претставена сериската верзија на Alfa Romeo 4C Spider!

Иако веќе се појавија „протечени“ фотографии од кабриолет-изведбата на Alfa Romeo 4C, италијанскиот производител конечно и официјално ја претстави 4C Spider!

Механиката на 4C Spider останува непроменета во однос на верзијата со тврд покрив – а тоа значи 1.75-литарски TBI турбо-бензинец кој нуди 237 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Инженерите на Alfa Romeo сакале зголемувањето на тежината колку што е можно да го ограничат, па 4C добива потенки и полесни стакла, како и надворешност направена од SMC – „композитен материјал со голема цврстина кој е 20 проценти полесен и значително поригиден од челикот.“

Купувачите ќе можат да изберат меѓу 3 различни издувни системи, од кои едниот е изработен од Akrapovic и има два режими на работа. На 4C Spider му се потребни 4.1 секунда за да постигне 100 километри на час и  има максимална брзина од 257 километри на час. На почетокот ќе се нуди само платнениот покрив, но понатаму ќе се понуди и панел изработен од карбонски влакна.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.