full screen background image
Search

Bentley го претстави Grand Convertible во Лос Анџелес!

Базиран на Mulsanne, Bentley го опишува Grand Convertible како „најсофистицираниот и најелегантен кабриолет некогаш направен,“ и во моментот се разгледуваат опциите за негово сериско производство.

Големиот кабриолет кој го носи името Grand Convertible е базиран на Bentley Mulsanne Speed и под предниот поклопец се крие големиот 6.75-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 530 коњски сили и 1100 Nm вртежен момент. Таман, би додале ние.

Концептот прикажан на саемот на автомобили во Лос Анџелес има уникатно изработен ентериер во Sequin Blue сина боја и сребрен „течен метал“ финиш на поклопецот на моторот и рамката на ветробранското стакло. Истовремено, и големите, полирани тркала даваат се контрастни со синиот екстериер. Во внатрешноста има место за четворица, а искористени се вкупно 14 кожи за да се обвие ентериерот.

Bentley сега за сега само ја разгледува опцијата за сериска верзија – но да бидеме реални – ако стигнале до тука, серискиот модел веќе чука на врата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.