Renault ќе понуди GT-Line и Initiale Paris верзии од Clio! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ќе понуди GT-Line и Initiale Paris верзии од Clio!

Францускиот производител најави дека ќе понуди нови две верзии на Clio – едната со поспортски, другата со полуксузни аспирации.

Замислен како проширување на GT серијата која досега го вклучуваше само GT 120 со 120-коњскиот турбо-бензинец, новотo Clio GT Line ќе може да се нарача со TCe 90 бензинецот, како и dCi 75, dCi 90 или dCi 90 EDC дизелите. GT Line пакетот доаѓа со нови браници, заштитни надворешни прагови, 17-инчни тркала, уникатен заден браник со единечен крај на издувниот систем, Renault Sport внатрешни прагови како и GT Line ознаки. Некои детали се во таканаречен Dark Metal боја, а кај моделот ексклузивно ќе се нуди и мат сина боја.

За оние кои сакаат малку попремиум чувство во своето Clio, Renault ќе ја понуди верзијата која се вика Initiale Paris. Измените на екстериерот се дискретни и доаѓаат во форма на 17-инчни тркала, изменети светла за магла и завршеток на издувниот систем, како и изменети LED дневни светла.

Повеќето од измените се во ентериерот – тука се забележува двобојна кожа која, а автомобилот доаѓа целосно опремен со скоро сета дополнителна опрема која може да се нарача кај Clio – единствено останува купувачите да одлучат дали сакаат и панорамскикров. Clio Initiale Paris се нуди со tCe 90 бензинецот, кој во Франција чини од 21.500 евра. Оние кои сакаат малку повеќе сила можат да го изберат 1.2-литарскиот tCe 120 со 120 коњски сили кој чини 23.600 евра во Франција. Доколку изборот падне на дизел, тука е 1.5-литарскиот dCi со 90 коњски сили кој чини 23.800 или 25.200 евра, во зависност од тоа дали ќе го нарачате со мануелен или автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.