По претставувањето на Mercedes-AMG GT, се појавија и првите фотографии од ексклузивната лимитирана серија која ќе го носи името Edition 1.
Сега за сега немаме многу детали за тоа кои ќе бидат измените кај Edition 1, но од фотографиите можеме да видиме дека автомобилот ќе има дискретно изменет преден браник со дополнителни детали, изменети странични прагови како и фиксен заден спојлер. Автомобилот ќе биде покриен во мат сива боја, а најверојатно и фелните ќе бидат уникатни за лимитираната серија.
Наскоро ќе знаеме повеќе – Mercedes најверојатно ќе го претстави Mercedes-AMG Edition 1 следната седмица на саемот на автомобили во Париз.