full screen background image
Search

По немирното време, одличен викенд за Иџе во Германија!

Македонскиот автомобилски ас постигна одличен резултат во Германија – не само што стигна до првата позиција, туку и постави нов рекорд!

По проблемите кои Иџе ги имаше со менувачката кутија на неговиот Mitsubishi Lancer Evo, очигледна беше неговата желба да се врати токму онаму каде што припаѓа – на врвот! Желбата на Иџе да продолжи со своите успеси и да ја прави својата татковина горда со неговите успеси го доведе талентираниот возач на првото место во Германија!

Но, Иџе не би бил Иџе доколку не направи повеќе – тој не само што ги исполни очекувањата на своите фанови, туку и постави нов рекорд на патеката во Германија каде настапуваше овој викенд – и тоа на неговиот прв настап на оваа тешка патека! Вкупното време на Игор Стефановски изнесуваше 05:19.243, а победничкото, рекордерско време беше поставено во второто возење, и тоа изнесува 02:39.460. Позади Иџе се најде неговиот ривал Јири Лос кој имаше преку 4.5 секунди заостанување, а на третата позиција е Филип Сајлер. Следната трка се вози на 16ти Август во Швајцарија!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.