Добри вести од Peugeot – глобалната продажба на брендот пораснала за 5.7% од почетокот на годината! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Добри вести од Peugeot – глобалната продажба на брендот пораснала за 5.7% од почетокот на годината!

Планот кој PSA го нарече „Back in the Race“ очигледно навистина му помогна на Peugeot – компанијата објави дека продажбата на светско ниво е порасната за 5.7% во првите шест месеци од оваа година!

Според официјалните податоци од Peugeot, компанијата продала 853.000 возила во првата половина од оваа година, и пријави зголемена продажба во двата најважни пазари – Европа и Кина. Во Европа се продадени вкупно 522.00 возила – и е забележан раст од 13.5% – додека во кина се продадени 185.000 возила и забележан е огромен раст од 32.4% во однос на минатата година! Пазарниот удел на Peugeot во Европа е зголемен за 1%.

Најголемиот дел од порастот на Peugeot во Европа се должи на новите модели – 308, 2008 и освежениот 3008, додека во Кина најбарани биле 308, 3008 и компактниот седан 301 – од кој се продадени дури 36.700 примероци!

Од Peugeot се особено горди и на глобалниот успех на 308 – бројката од 100.000 нарачки беше надмината уште во Јуни оваа година, додека караванската изведба има дополнителни 21.000 нарачки. Дури и новиот 108 кој тукушто се појави на пазарот почнува да покажува успех – во првиот месец од продажбата се забележани повеќе од 1500 нарачки! Кросоверот 2008 е продаден во 95.400 примероци во првата половина, а 3008 е продаден во 83.000 примероци, додека 301 е продаден во вкупно 58.100 примероци.

Ова се одлични бројки за компанијата – растот е секогаш добредојден. Можеме да кажеме дека растот и не е неочекуван, со оглед на квалитетот на новите возила кои се дел од гамата на Peugeot, како и наградата за „Автомобил на Годината во Европа“ која му припадна на новиот Peugeot 308, автомобил кој ние неодамна имавме можност да го возиме. Покрај 308, и кросоверот 2008 кој го возевме минатата година ни остави одлични впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.