Кратко но слатко видео – BMW 428i поставен на големи Vossen тркала!
На следното видео ќе видите како изгледа BMW 428i поставен на (големи) Vossen CV5 тркала. Напред има 20х9 а назад 20х10.5 Vossen CV5 фелни, а има и суптилни доработки во суспензијата и неколку козметички измени. Крајно непрактично, но одлично изгледа!
Под поклопецот на 428i се крие 2-литарски турбо-бензинец кој испорачува 245 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.