full screen background image
Search

Храбро каде никој не бил досега – Audi TT Offroad Concept!

Германскиот премиум производител храбро се одлучи да истражува сосема нови насоки – а еден од првите чекори е Audi TT Offroad Concept!

Интересниот купе-кросовер има пет врати и е придвижуван од хибриден погон кој има два електромотори и испорачува системска моќност од вкупно 408 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, но истовремено има потрошувачка од само 1.9 литри гориво на 100 изминати километри и емисија на штетни гасови од само 45 грама CO2 на километар. Импресивни се и перформансите на овој концепт – 100 километри на час пристигнуваат за 5.2 секунди, максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час, а автомобилот може да помине до 50 километри само на електрична енергија.

Audi TT offroad concept

Срцето на TT Offroad Concept е 2-литарски TFSI бензински мотор кој испорачува 292 коњски сили и 380 Nm вртежен момент. Овој мотор соработува со уште два електромотори – еден испорачува 40 kW и 220 Nm а другиот испорачува 85 kW и 270 Nm. Благодарение на хибридниот погон, Audi TT Offroad Concept може да работи исклучиво на струја во EV режим на работа, при што на електричен погон може да забрза до 130 километри на час. Ако е активиран Хибридниот режим на работа, тогаш сите три погонски единици работат наизменично, во зависност од потребите.

Audi TT offroad concept

Концептот е долг 4.39 метри, широк 1.85 метри и висок 1.53 метри. Има меѓуоскино растојание од 2.3 метри – димензии кои потсетуваат на другиот компактен SUV на Audi – моделот Q3. Го следи дизајнерскиот јазик на моделот TT (од кого го влече и имет0), но сепак интерпретацијата е целосно нова со цел да се постигне новата филозофија.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Електрични, спортски и прогресивни - Audi ги претстави новите e-Tron GT и RS e-Tron GT!

Audi TT offroad concept

Ентериерот го одликуваат Audi паметни дисплеи кои прикажуваат мноштво информации, како и главниот 12.3 инчен мултимедијален дисплеј со целосна 3D графика. Аудио уредот е од Bang & Olufsen а ентериерот е вистински модерна интерпретација на она што сме навикнати да го гледаме кај Audi. Ова е навистина интересен концепт и храбра нова насока која ја истражуваат луѓето од Инголштад – и вистински не интересира дали ќе решат да го понудат Audi TT Offroad Concept како сериски автомобил. Со оглед на комплетноста на концептот, воопшто не би биле изненадени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.