full screen background image
Search

Mercedes-Benz S63 AMG Coupe – 585 коњски сили и 900 Nm!

Можеме да зборуваме колку сакаме за моделите на AMG, но секогаш најважно е тоа што се крие под поклопецот – а овој пат, се крие навистина многу!

Срцето и душата на моделите на AMG секогаш бил рачно изработениот мотор – па ни овој пат не е ништо поинаку. Под поклопецот се крие 5.5-литарски битурбо V8 бензинец кој испорачува 585 коњски сили и чудовишни 900 Nm вртежен момент, а купувачите ќе можат да нарачаат и 4Matic погон на сите четири тркала кој е ориентиран кон спортските перформанси!

Mercedes-Benz S 63 AMG Coupé  (C 217) 2014

Tobias Moers од AMG го нарече новиот S63 AMG Coupe возило од соништата, благодарение на технологијата, дизајнот и перформансите кои тој ги нуди на своите купувачи. Дополнително, новиот S63 AMG Coupe е 65 килограми полесен од својот претходник, иако е со поголем мотор и повеќе стандардна опрема. Ова намалување на тежината се должи на AMG Lightweight Performance иницијативата за намалување на тежината. Заштедата највеќе се должи на лесниот Литиум-Јонски  акумулатор, лесните алуминиумски фелни и лесниот систем за издувни гасови.

Mercedes-Benz S 63 AMG Coupé  (C 217) 2014

Сето ова значи дека S63 AMG Coupe забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди (или ако изберете 4Matic за импресивни 3.9 секунди) и продолжува да забрзува сè до електронската бариера поставена на 250 километри на час. Сепак, покрај перформансите кои S63 AMG ги има, како и дополнителните 41 коњска сила и 100 Nm  вртежен момент во однос на претходникот, потрошувачката е намалена за 0.4 литри на 100 километри и сега изнесува 10.1, односно 10.3 литри ако изберете 4Matic на 100 изминати километри според NEDC.

Поврзано:   Mansory претстави тјунинг пакет за новиот Mercedes Benz S-Class


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.