Formula 1: Vettel би можел да го напушти Red Bull? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Formula 1: Vettel би можел да го напушти Red Bull?

Др. Хелмут Марко, советник на Red Bull тимот изјави дека светскиот шампион би можел да го напушти тимот доколку работите не се подобрат, и дека тој целосно би го разбрал тој потег.

Ова признание доаѓа од Др. Марко само неколку дена пред започнување  на новата сезона – а тимот на Red Bull се подготвува за катастрофален резултат – да не освои ниту еден поен, или пак воопшто да не ја заврши трката во Мелбурн! Др. Марко му призна на Германскиот Bild магазин дека доколку катастрофалната ситуација не се промени наскоро, не би можел да го обвини Vettel доколку тој размислува за некаква промена.

Според Марко, тимот ќе биде среќен доколку воопшто освои поени во Австралија. Дополнително, тој изјави дека тимот знае дека има добар автомобил, но ќе знаат дали моторот е добар само ако успеат да го натераат да работи како што треба – и дека одлучувачкиот фактор ќе биде новиот софтвер кој инженерите на Red Bull го напишале за Renault.

Фаворит за победата во Мелбурн е тимот на Mercedes, а веќе се шпекулира дека Lewis Hamilton би можел да ја однесе титулата оваа година, иако е премногу рано за вистински предвидувања.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.