Audi ќе ви помогне да „фатите зелено“, но и да заштедите гориво! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi ќе ви помогне да „фатите зелено“, но и да заштедите гориво!

Audi разви систем кој им овозможува да автомобилите да комуницираат со семафорите – и токму тој систем може да ви заштеди гориво!

Системот се нарекува Traffic Light Assist и му овозможува на автомобилот да комуницира со локални провајдери на податоци за соодветните услови на работа на семафорите, и додека сте во движење автомобилот ќе ви каже каква е бојата на следниот семафор и за колку време ќе се смени. Системот покрај комуникацијата со околината, користи GPS за да може да одреди во која лента на движење се наоѓате и скоро инстантно да ги освежи и обнови податоците.

audi-traffic-light-assist-dash

Според инженерите на Audi, доколку овој систем се имплементира во Германија годишно би се заштедиле околу 900 милиони литри гориво! Дополнително, емисијата на штетни гасови би се намалила за околу 15%. Системот покрај тоа што ви најавува што се случува со семафорите пред вас, доколку автомобилот има и старт-стоп функционалност автоматски ќе го стартува моторот неколку секунди пред да се запали зеленото светло за автомобилот да биде веднаш подготвен за тргнување.

Ова е интересна нова технологија на Германскиот производител која би можела да најде широка промена, особено во големите градови каде метежот е вистински проблем – замислете што би можеле таканаречените „хајпермајлери“ да направат со ваков систем!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.