Производителот од далечниот исток се подготвува за својот настап на Женевскиот саем за автомобили – а таму ќе го претстави концептот Intrado.
Сега за сега немаме никакви официјални податоци околу технологијата која стои позади овој концепт, но знаеме дека го следи новиот еволуираниот дизајнерски јазик на Hyundai кој тие го нарекуваат Fluidic Sculpture 2.0. Нам ни наликува на несекојдневна комбинација од Audi A1 и Nissan Juke. Според некои гласини до кои дојдовме, под каросеријата се крие технолошки напреднатата платформа од ix35 Fuel Cell возилото кое вози на водорот. Тој модел забрзува до 100 километри на час за 12.5 секунди, има максимална брзина од 160 километри на час и има автономија од 594 километри.
Саемот на автомобили во Женева започнува следната седмица, а ние со нетрпение ги очекуваме сите нови модели и концепти!