ABT Sportsline го засили Golf R на 370 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ABT Sportsline го засили Golf R на 370 коњски сили

Додека да откриеме дали ќе се оствари гласината дека Volkswagen ќе претстави полесна и помоќна извeдба од Golf R наречена EVO на овогодинешниот саем во Пекинг, ABT Sportsline веќе ја објавија својата верзија.

Тие го засилиле 2.0-литарскиот турбо-бензински агрегат од 300 кс и 380 Nm на 370 кс и 460 Nm вртежен момент. Како последица на овие измени, автомобилот ќе биде способен да постигне забрзување од место до 100 км/ч за 4.5 секунди и максимална брзина од 265 км/ч. Тоа се подобрувања од 0.6 секунди и 15 км/ч, со што се сместува во иста лига со Mercedes A45 AMG.

ABT-VW-Golf-R-Mk7-2[3]

За оние кои сакаат да се издвојат од останатите сопственици на Golf R, ABT нуди бодикит со преден спојлер, странични прагови, заден дифузер, кровен спојлер, поинаква предна решетка, веѓи за предните светла, карбонски детали и нови фелни.

Моделот ќе биде официјално претставен на автомобилскиот саем во Женева наредниот месец.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.