Како би можела да изгледа малата спортска зујалица – Peugeot 108 GTi според CARclub! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Како би можела да изгледа малата спортска зујалица – Peugeot 108 GTi според CARclub!

Peugeot неодамна го објави новиот 108, а ние веднаш добивме идеја како би можела да изгледа неговата спортска изведба.

Во духот на познатиот 106 GTI, моделот го приближивме што е можно поблиску до подлогата, така што не само што ја спуштивме суспензијата, туку скративме и дел од каросеријата. Како што доликува за еден спортски модел, неговата каросерија ја зачинивме со егзотична зелена боја, додека хромираните детали и ретровизорите ги обоивме во црна боја.

Наместо двобојните стилски фелни, го опремивме со поголеми алиминиумски фелни од RCZ, а изгледот го комплетираат решетките во вид на саќе кои ги заменуваат стандардните хоризонтални линии. Моментално нема објавено информации од Peugeot за официјална GTi изведба од 108, но затоа тука сме ние да ја прошириме вашата фантазија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.