Renault Captur е прогласен за SUV на годината во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Captur е прогласен за SUV на годината во Македонија!

Како дел од изборот за Автомобил на Годината во Македонија, жирито наградата за SUV на годината му ја додели на урбаниот кросовер на Renault!

Во конкуренција со финалистите, како најдобар модел и најуспешна СУВ изведба се издвои новиот кросовер на Renault, кој претставува иновативен спој на стилот и функционалноста. Исклучително практичен, елегантен и отмен – како одвнатре така и однадвор. Произлегува од знаењето и умешноста на Renault, истражува нови територии во поглед на дизајн, удобност и опрема.

Captur е достапен со низа бензински и дизел мотори од програмата на Renault – понудата започнува со 0.9-литарскиот TCe бензинец со 90 коњски сили (кој веќе го знаеме од кај Renault Clio) кој чини 13.950 евра, а на врвот во понудата е дизелскиот 1.9 DCi Dynamique кој чини 19.950 евра. Она што е интересно е можноста за персонализација на Captur, која ветува многу комбинации како на екстериерот, така и во ентериерот.

Ние наскоро ќе ја имаме можноста да поминеме неколку дена со Captur, па ќе ви ги пренесеме и нашите импресии од победничкиот SUV, а во меѓувреме му честитаме на Renault за добиената награда!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.