Nissan ќе го произведе концептот IDx – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Nissan ќе го произведе концептот IDx

Јапонскиот бренд објави дека планира да произведе сериска изведба од нивните IDx концепти.

Според Nissan, еден од овие два концепти сигурно ќе излезе на пазарот, но сосема е можно тоа да се случи и со двата. Тие не открија кој од нив два доби зелено светло, но потврдија дека ќе биде позициониран под моделот 370Z во цена, големина и класа.

Кога концептите беа претставени, Јапонскиот бренд објави дека сериската изведба од IDx Freeflow би можелa да користи бензински агрегат со зафатнина од 1.2 до 1.5-литри, кој ќе биде поврзан со континуирано варијабилна трансмисија. Концептот IDx NISMO е планиран да добие 1.6-литарски турбо-бензински агрегат, како и шест-степен спортски CVT менувач со мануелен режим на менување и синхронизирана контрола на вртежите.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.