Mercedes-Benz A45 AMG засилен на 450 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz A45 AMG засилен на 450 кс

Инженерите на тјунинг компанијата mcchip-dkr лансираа надградбен пакет за засилување на перформансите на моќниот Mercedes-Benz A45 AMG.

Нивното внимание било главно фокусирано на 2.0-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензински агрегат кој во стандардно издание испорачува 360 кс и 450 Nm вртежен момент. Тие нудат три нивоа на надградба на агрегатот. Првото ниво ја зголемува силата преку оптимизирање на софтверот на 400 кс и 535 Nm, додека второто ниво вклучува и спортски катализатор со силата се покачува на 420 кс, додека вртежниот момент останува на 535 Nm.

Црешата над шлагот е третото ниво кое ја подигнува силата на импресивни 450 кс и 550 Nm. Оваа дополнителна сила е добиена со прилагодување на турбополначот, покрај останатите претходно споменати надградби. Останатите измени содржат прилагодлива KW суспензија и 19-инчни mbDesign KV1 фелни обвиени во Dunlop Sport Maxx Race пневматици во профил 235/35 ZR19.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.