KIA Pro_ceed GT во салонот на Киа Моторс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA Pro_ceed GT во салонот на Киа Моторс!

Најспортскиот модел во досегашната историја може да се пофали со 204 коњски сили и веќе пристигна во Скопје!

Веќе неколку пати сме пишувале за најспортскиот и најбрз модел на Корејскиот производител – моделот Pro_cee’d GT. Најспортското издание на KIA може да се пофали со 1.6-литарски турбо-бензински мотор кој испорачува 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент – а преведено во перформанси тоа значи 100 километри на час за 7.7 секунди и максимална брзина од 230 километри на час.

Она што нас пријатно нè изненади е привлечната внатрешност за која се искористени одлични материјали, како и спортските Recaro седишта кои нудат одличен комфор. Се надеваме дека ќе имаме можност да го пробаме Pro_cee’d GT по Скопските улици – во меѓувреме, можете да дознаете повеќе во салонот на KIA Motors Македонија. Ние само ќе ви напоменеме дека цените започнуваат од 20.750 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.