Honda го претстави својот следен кандидат за WTCC – новиот Civic изработен во согласност со правилата на WTCC кои стапуваат на сила следната година!
Визуелизацијата на Honda Civic WTCC ги прикажува суптилните додатоци – проширените крила, тркалата со поголем дијаметар, лизгавиот аеро пакет и продолжениот заден спојлер. Заедно со зголемената моќност на моторот, Honda Civic WTCC тркачкиот автомобил се подготвува да ја задржи круната за конструктори, но и да им дозволи на возачите да се борат за возачката титула.
Две возила ќе учествуваат раководени од JAS Motorsport за Gabriele Tarquini и Tiago Monteiro, но покрај нив и независните возила на Zengo Motorsport и Proteam Motorsport со NorbertMichelisz и Mehdi Bennani, соодветно. Следната сезона на WTCC започнува на 6ти Април следната година, во Мароко.