Pure Vision Design изложи прекрасна изведба од моделот Camaro од 1972 година на тјунинг саемот SEMA 2013.
Автомобилот го движи 7.0-литарски V8 агрегат потпомогнат од пар турбополначи, за конечна максимална сила од 1,400 кс. За овие бројки е заслужна тјунинг компанијата Nelson Racing. Силата се пренесува кон подлогата преку шест-степен мануелен менувач (малку невообичаено за Американците, би додале) и задните тркала. За подобра поврзаност со подлогата автомобилот вози на HRE фелни обвиени во Pirelli PZero пневматици, а за навремено застанување се грижат новите Baer сопирачки. На крај, тука се и новите JRE прилагодливи амортизери со HyperTech пружини за поголемо уживање во свиоците.
Што се однесува до дизајнот, ова Camaro изгледа навистина беспрекорно. Tungsten бојата на каросеријата и Bitter Chocolate кожата од Aston Martin го прават моделот прекрасна појава.