Mercedes-Benz ги објави сите детали за лимитираната серија на GLA која ќе го прослави почетокот на продажбата на овој урбан кросовер.
Основата за овој модел е Urban варијантата на GLA, но ќе носи би-ксенонски предни светла, ќе има црни детали и хромирани кровни носачи. Покрај тоа, Edition 1 ќе дојде со затенети стакла, 19-инчни AMG фелни и ќе се нуди само во ограничен избор на бои – Cirrus White, Orient Brown Metallic и Designo Magno Mountain Grey.
Внатрешноста ќе биде богато опремена, со кожни седишта во кафена боја, волан со рамен долен дел и педали од нерѓосувачки челик. Понатаму, ќе има детали од алуминиум, црна облога на кровот и специјални патосници. Edition 1 ќе биде опремен и со Light & Sound пакет кој вклучува амбиентално осветлување, осветлени прагови и автоматски бришачи на ветробранското стакло.
Под поклопецот, ќе се најдат четири мотори, меѓу кои и 1.6-литарски турбо бензинец кој ќе испорачува 156 коњски сили и 2-литарски турбо бензинец со 211 коњски сили. Боите на дизелите ќе ги бранат два 2.2-литарски турбо-дизели кои испорачуваат 136 односно 170 коњски сили. Нарачките започнуваат следниот месец, а првите купувачи ќе ги добијат своите возила во Март следната година.