И караванската изведба на Leon со максимални пет ѕвездички на Euro NCAP! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

И караванската изведба на Leon со максимални пет ѕвездички на Euro NCAP!

Откако новиот Leon ги освои максималните поени на Euro NCAP, сега и караванската изведба – Leon ST – се закити со престижното признание за безбедност.

Европската агенција за заштита на потрошувачите Eurо NCAP го рангираше новиот SEAT Leon ST со своите највисоки пет ѕвездички. Ова значи дека пространиот и разновиден караван сега е на исто ниво како својот брат по модел , Leon со пет врати. Иновативниот систем за безбедност, итно сопирање по судир за намалување на ризикот од повторен судир и системот за помош при одржување на коловозна лента исто така примија награди од Euro NCAP Advanced.

Д-р Матиас Рабе ги прифати сертификатите за двете награди од Euro NCAP Advanced на меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт. Системот за помош за одржување на коловозна лента и системот за итно сопирање по судир за намалување на ризикот од повторен судир беа пофалени како револуционерни безбедносни иновации.

Системот за помош за одржување на коловозна лента на SEAT користи камера на предното ветробранско стакло за идентификација на ознаките на патот и реагира со влезна информација за корекција на управувањето доколку постои закана возилото да ја напушти лентата.  Системот е поставен за автопати и главни патишта со брзини од повеќе од 65 км на час.  Системот за итно сопирање по судир за намалување на ризикот од повторен судир автоматски ја намалува брзината на возилото по тежок судир со цел да се потроши резидуалната кинетичка енергија.

Дополнително, доколку се активира воздушното перниче преку првичниот судир, системот за контрола на електронска стабилност го сопира возилото и ги вклучува светлата за предупредување.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.