Ford ќе го претстави S-MAX Concept во Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ќе го претстави S-MAX Concept во Франкфурт!

Новиот S-MAX концепт го присвојува освежениот, глобален дизајнерски јазик на Ford и најавува практично, но истовремено забавно и привлечно фамилијарно возило.

Луѓето од Ford го најавуваат S-Max Concept како предвесник на следниот сериски S-Max, кој Ford го дефинира како Sport Activity Vehicle – SAV. Дизајнот игра клучна улога, а од концептот можеме да забележиме дека дизајнот е привлечен и модерен, и наменет да ги привлече оние кои покрај тоа што имаат фамилија, сепак сакаат да уживаат во возењето а истовремено да ги имаат сите придобивки од едно големо, фамилијарно возило – како што се практичноста, просторноста и економичноста.

Новиот S-Max носи многу новитети за Ford – веќе напоменавме дека надворешниот дизајн е привлечен и модерен, а истата приказна се проткајува и во внатрешноста. Инструментите се поедноставени и намален е бројот на копчиња, се со цел автомобилот да биде полесен за користење. Ford ја најавува и Thin Seat технологијата, која е применета во последниот, трет ред седишта и овозможува седиштата да бидат спуштени или подигнати со еден лесен чекор.

Концептот е придвижуван од новиот 1.5-литарски Ecoboost бензински мотор кој испорачува 177 коњски сили на 6000 вртежи во минута и 240 Nm вртежен момент од 1500 до 4500 вртежи во минута.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.