Откриен Peugeot 308 R Concept пред Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Откриен Peugeot 308 R Concept пред Франкфурт

На интернет се појавија првите фотографии од Peugeot 308 R Concept, неколку дена пред јавното дебитирање на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Деталите не се објавени, но објавените фотографии прикажуваат агресивна двобојна црвено-црна каросерија, со поширок бодикит и поголеми браници, приближена поблиску до земјата и големи двобојни алуминиумски фелни. На задната страна се забележуваат две издувни цевки поставени од двете страни и кровен спојлер.

Се верува дека силата на автомобилот ќе извира од истиот 1.6-литарски THP агрегат од RCZ-R. Кај атрактивното купе моторот испорачува 270 кс при 6,000 вртежи и 330 Nm максимален вртежен момент при 1,900 вртежи во минута.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.