Аudi ќе претстави нов Quattro концепт во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Аudi ќе претстави нов Quattro концепт во Франкфурт

Германскиот бренд објави дека ќе претстави нов Quattro концепт на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Новиот концепт ќе биде поставен на значително пократка платформа од RS7, за разлика од концептот од 2010 кој беше базиран на RS5. Моделот ќе претставува Plug-In хибрид и биде погонуван од 4.0-литарски V8 твин-турбо агрегат кој развива 600 кс усогласен со електромотор кој ќе овозможува дополнителни 170 кс.

11360748361582913945

Овој распоред ќе му овозможи на авомобилот да располага со комбинирана испорака на сила од речиси 800 кс и 1,000 Nm вртежен момент, кои ќе бидат пренесувани кон подлогата преку постојан погон на сите четири тркала. Како резултат на овие бројки се очекува забрзување од 0-100 км/ч за 3.4 секунди и максимална брзина од 300 км/ч.

Концептот исто така ќе биде опремен со прилагодлива суспензија, диференцијал со ограничено пролизгување и керамички сопирачки. Се очекува негова сериска верзија во ограничен број да биде претставена во 2016, со почетна цена од 200,000 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.