Специјален 911 по повод 5 милиони Facebook фанови на Porsche – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Специјален 911 по повод 5 милиони Facebook фанови на Porsche

Со цел да ја прослави бројката од 5 милиони фанови на Facebook, Porsche им овозможи на фановите да персонализираат 911 Carrera 4S, а ова е резултатот од тој потфат.

Ова се одвиваше на истиот начин како на почетокот од минатата година кога официјалната Facebook страна на Porsche достигна два милиони фанови. За таа намена тие прикажаа уникатен Cayman S, а сега тие припремија 911 Carrera 4S, која се одликува со Aqua Blue Metallic боја. Моделот е поставен на 20-инчни бели алуминиумски фелни и е опремен со спортска суспензија, спортски издувен систем и аеродинамичен бодикит.

Porsche-911-5M-FB-12[2]

Во внатрешноста се забележуваат специјални украси со сино осветлување на праговите, заедно со елементи од брусен алуминиум на централната конзола, панелите од вратите, палката од менувачот, педалите и контролната табла.

На тие што се заинтересирани, Porsche им нуди шанса да го возат овој автомобил на Porsche Experience центарот во Силверстоун. Во меѓувреме, погледнете ја мега-галеријата од овој „славенички“ автомобил каде ќе видите и фотографии од процесот на производство низ кој поминал.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.