Официјално: Новиот Seat Leon ST караван – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Seat Leon ST караван

По само неколку дена од протекувањето на фотографиите, Шпанскиот производител ги објави сите детали за караванската изведба од новиот Leon.

Ова е прв пат моделот Leon да добие ST верзија, а истата може да се пофали со великодушен багажен простор од 587 литри кои можат да бидат зголемени на 1,470 литри со преклопување на задните седишта. Моделот има исто меѓуоскино растојание како пет-вратната изведба, но задниот надвисок е пораснат за 270mm за повеќе место за багажот. Ова ја зголемило тежината на автомобилот за 45 кг на конечни 1,233 кг, што значи дека е потежок од пет-вратниот модел, но сеуште е најлесниот караван во класата.

Новиот Seat Leon ST ќе може да се добие со 1.2-литарски TSI агрегат со 86 кс или 105 кс, како и поголем 1.4-литарски TSI кој развива 122 кс или 140 кс. Спортската FR верзија ќе биде погонувана од 1.8-литарски TSI мотор кој испорачува 180 кс и 250 Nm максимален вртежен момент. Гамата на дизелски агрегати содржи 1.6-литарски TDI агрегат со 90 кс и 230 Nm, заедно со 2.0-литарски TDI кој развива 150 кс. 2.0-литарскиот TDI со 184 кс и 380 Nm ќе може да се добие исклучиво во FR изведбата.

Се очекува новиот Leon ST да чини околу 1000 евра повеќе од стандардниот пет-вратен модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.