RCZ R со 270 коњски сили е најмоќното Peugeot досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RCZ R со 270 коњски сили е најмоќното Peugeot досега!

Благодарение на 1.6-литарскиот турбо мотор кој испорачува 270 коњски сили, RCZ R забрзува до 100 за помалку од 6 секунди!

На претстојниот Goodwood Festival of Speed, Францускиот производител Peugeot официјално ќе го претстави новиот RCZ R. Најмоќната изведба на RCZ – која воедно е и најмоќно Peugeot досега – може да се пофали со 270 коњски сили, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, и забрзување до 100 километри на час за „помалку од 6 секунди“!

Според Xavier Peugeot, продукт директорот на компанијата, стилот на RCZ R е сублимиран од динамичните перформанси, и RCZ R е наменет за вистинските уживатели во спортското возење. Покрај соодветниот успех кој Peugeot го има во спротските активност, неизбежно било подготвувањето на супер-спортска верзија на моделот.

Наменет за улиците, како и за тркачките патеки, RCZ R е автомобил кој ги задржува квалитетниот комфор но истовремено нуди спортски карактеристики и перформанси. Но истовремено, Peugeot внимава и на еколошкиот аспект, па покрај 270-те коњски сили, RCZ R има емисии од само 145 грама CO2 на изминат километар, што се должи на намалениот капацитет на моторот, аеродинамиката и намалената тежина.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.