Opel подготвува „целосно нов вид“ на Insignia со моделот Country Tourer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel подготвува „целосно нов вид“ на Insignia со моделот Country Tourer

Со желба да се приближи до купувачите кои сакаат урбани возила кои се подготвени да се справат со малку теренско возење, Opel го нуди новиот Country Tourer.

Благодарение на малку повисоката суспензија, како и додадените пластики, Insignia Country Tourer е подготвен да се справи со умерено возење надвор од асфалтираните патишта. Покрај тоа, во Country Tourer ќе може да се најде и систем за погон на четири тркала, благодарение на кој автомобилот ќе може да ја дистрибуира силата онаму каде е најпотреба, а со тоа полесно да се справи со нерамнините на кои би можел возачот да наиде. Сепак, од Opel ова го опишуваат како систем кој нуди одлична тракција на асфалтирани и неасфалтирани површини.

Секако, се работи за модел базиран врз караванската изведба на Insignia. Она што е малку различно во односн на стандардната верзија е ограничената понуда на мотори – ќе се нудат само 2-литарски мотори – едниот е SIDI турбо-бензинец со 250 коњски сили, а другата изведба е со 2-литарскиот турбо-дизел кој ќе нуди 163 или 195 коњски сили.

Цените за овој автомобил сеуште не се познати – најавено е дека ќе бидат официјално објавени пред почетокот на саемот на автомобили во Франкфурт.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.