Панорама: Новиот Volkswagen Golf Variant – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Панорама: Новиот Volkswagen Golf Variant

Новата, караванска изведба на Volkswagen Golf од седмата генерација може со многу да се пофали, а еден од најсилните адути е огромниот багажен простор со зафатнина од дури 605 литри!

Официјалната продажба на Golf Variant се очекува да започне наскоро, па сосем очекувано, Volkswagen ги објави сите детали за овој модел. Како и обичниот Golf, така и Variant е изграден врз MQB платформата, благодарение на која тежината е намалена и до 105 килограми во однос на претходниот модел, додека истовремено нуди 100 литри повеќе багажен простор, и ќе се вградуваат бензински и дизел мотори кои се до 15% поекономични.

Der neue Volkswagen Golf Variant

Луѓето кои купуваат караван, се оние кои ја ценат практичноста – а тука Golf Variant навистина може да понуди многу – многу багажен простор. Со исправени задни седишта, Golf Variant нуди 605 литри простор во багажникот. Доколку задните седишта се спуштени, багажниот простор расте на импресивни 1620 литри. Тоа е 100, односно 135 литри повеќе од Golf VI Variant!

Секако, во Golf Variant можеме да ги очекуваме сите бензински и дизел мотори кои веќе ги знаеме од обичната изведба. На лансирањето ќе бидат достапни вкупно седум бензински и дизел мотори, чија моќност може да биде помеѓу 85 и 150 коњски сили. Бензинските се 1.2 TSI кој нуди 85 или 105 коњски сили, 1.4 TSI со 122 и 140 коњски сили (и можност за деактивација на цилиндри кај последниот) а дизелските се 1.6 TDI со 105 коњски сили и 2.0 TDI со 150 коњски сили.

Der neue Volkswagen Golf Variant

Интересно е што сите модели ќе бидат опремен со Старт/Стоп систем, како и систем за регенерација на акумулаторот, кој ја користи кинетичката енергија и ја претвора во електрична. Моторите ќе бидат поврзани со 5 или 6-степен мануелен менувач, а ќе се нуди и DSG со 6 или 7 брзини, како и можност за погон на сите четири тркала кај два дизелски мотори.

Поврзано:  ТЕСТ: Volkswagen ID.4 GTX - Што е всушност GTX?


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.