Естетски третман од Mugen за Honda Civic – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Естетски третман од Mugen за Honda Civic

Најпознатиот тјунер на Honda, Mugen, претстави нов естетски пакет за седан верзијата од деветтата генерација на Honda Civic.

Дизајниран да ги истакне спортските особини на автомобилот, бодикитот од Mugen се состои од дво-делен преден спојлер, изменети странични прагови, додаток на задниот браник и заден спојлер. Понудени се и спортска решетка во боја на каросерија, Mugen назнаки и избор од два модели на 17-инчни фелни.

03-sxga

Компанијата исто така нуди и воздушни дефлектори за на прозорците и спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик за моделите опремени со 1.8-литарскиот агрегат и мануелна трансмисија.

Естетските додатоци за брзо време ќе излезат на пазарот но нема информации за нивната цена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.