Alfa Romeo 4C by Pogea Racing – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo 4C by Pogea Racing

Pogea Racing го претстави првиот тјунинг за Alfa Romeo 4C кој опфаќа зголемување на силата и естетски третман.

Нивниот пакет ќе ја зголемува силата на 1.8-литарскиот турбо бензински мотор, од 240 кс на импресивни 415 кс. Ова ќе биде овозможено благодарение на нови турбополначи, издувен систем со контролирачки вентил и поинакви тубуларни издувни грани. Покрај ова, Pogea Racing ќе ги оптимизира системите за довод на гориво и ладење.

Alfa-Romeo-4C-Pogea-Racing-2[4]

За визуелно прикажување на подобрите перформанси, тука е аеродинамичен бодикит направен од јаглеродни влакна, додека фабричките тркала можат да бидат заменети со неколку различни дизајни во големини од 19 или 20 инчи. Во блиска иднина се планираат и модификации во ентериерот, како и поспортска суспензија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.