Повеќето автомобилски производители додадоа многу нови сигурносни системи на нивните модели. Тие ве предупредуваат кога преминувате преку линија, кога ви се приспива или пред да удрите во автомобил, а некои дури го застануваат автомобилот за вас!
Бидејќи овие системи се нови и многу малку луѓе се запознаени како тие функционираат во вистинскиот свет, тие може да се осеќаат малку необично и чудно. Сепак, новата реклама на Volkswagen го претвора тоа во позитивна работа!
Ова видео, направено за Golf 7 и неодамна објавено во Велика Британија, става два ограбувачи на банка во украден автомобил кој изгледа како да има свој ум. Новиот систем за спречување челен судир City Emergency Brake го застанува автомобилот пред светлечки знаци, поради што ограбувачите се лесно уловени од полицијата.
Посебно е интересен бесценетиот израз на лицето на криминалецот совозач што изгледа како “О Боже, зошто го земавме овој автомобил!”.