Porsche конечно ја претстави Turbo варијантата на новиот 911! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche конечно ја претстави Turbo варијантата на новиот 911!

Под поклопецот на моторот се крие 3.8-литарскиот 6-цилиндерски боксер агрегат кој благодарение на турбо-полначот нуди 520 или 560 коњски сили!

„Обичната“ турбо верзија нуди 520 коњски сили, а благодарение на сите тие коњи, забрзувањето до 100 километри на час трае 3.2 секунди. Ако се определите за помоќната, Turbo S варијанта, ќе добиете 560 коњски сили, забрзување до 100 километри на час за 3.1 секунда, и максимална брзина од 318 километри на час.

Според Porsche, 911 Turbo S опремен со стандардни гуми прави круг околу легендарниот Nurburgring Nordschleife за помалку од 7 минути и 30 секунди! За ова сигурно помага и системот за активно управување, кој дозволува вртење и на задните тркала. На брзини до 50 километри на час, задните тркала се вртат во насока обратна од предните, а тоа овозможува попрецизно управување. Над овие брзини, задните тркала се вртат во иста насока како и предните, што ја подобрува стабилноста и управливоста на повисоки брзини.

Во Германија цената на 911 Turbo започнува од 162.055 евра, а цената на 911 Turbo S моделот започнува од 195.256 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.