full screen background image
Search

Formula 1: ГН Кина – Пол-позиција за Луис Хамилтон

Британецот Луис Хамилтон успеа да ја забележи првата пол-позиција за својот нов тим Mercedes AMG. Зад него ќе стартуваат победникот на првата трка оваа сезона, Кими Раиконен од Lotus и Фернандо Алонсо од Ferrari.

Во доста неизвесни квалификации возачаот на Mercedes, Луис Хамилтон успеа да постави најбрзо време на патеката во Шангај, забележувајќи ја својата прва пол-позиција оваа сезона. На утрешната трка за Големата Награда на Кина, на патеката во Шангај од првиот ред покрај Луис Хамилтон, ќе стартува возачот на Lotus, Кими Раиконен. Зад нив се најде шпанецот Фернандо Алонсо кој за прв пат по трката во Абу Даби, успеа да забележи подобар пласман на квалификациите од својот тимски колега Фелипе Маса, кој што ќе стартува од третиот ред.

Mercedes и Ferrari уште на тренинзите покажаа дека ја имаат потребната брзина, поставувајќи ги најдобрите времиња и беше за очекување дека со истото темпо ќе продолжат и на квалификациите. Од друга страна, тимот на Red Bull разочара бидејќи уште во втората квалификациска сесија Марк Вебер најверојатно остана без гориво и не успеа да постави време за влез во последната квалификациска сесија. Во финалната сесија тимот се одлучи за поинаква стратегија од останатите и бранителот на титулата, Себастијан Ветел излезе на патеката но не постави време. Ветел утре ќе стартува од 9-тата позиција но, за разлика од првите 7 возачи на стартот кои се одлучија за меките пневматици, тој ќе ја започне трката со средно тврдата компонента. Истата тактика ја применија и Mclaren кај Џенсон Батон и Sauber кај Нико Хулкенберг.

Поврзано:   Ф1 Монца: 1-2 победа за McLaren! Кој го очекуваше тоа?

Многу од возачите се пожалија на гумите, односно нивното брзо трошење и затоа во финалната квалификациска сесија имаше една необична слика, бидејќи на 3 и пол минути до крајот на сесијата сеуште немаше излезено ниту еден возач да постави време. Стартниот ред на утрешната трка по само еден извозен летечки круг изгледа вака:

1. Lewis Hamilton – Mercedes
2. Kimi Räikkönen – Lotus-Renault
3. Fernando Alonso – Ferrari
4. Nico Rosberg – Mercedes
5. Felipe Massa – Ferrari
6. Romain Grosjean – Lotus-Renault
7. Daniel Ricciardo – STR-Ferrari
8. Jenson Button – McLaren-Mercedes
9. Sebastian Vettel – Red Bull Racing-Renault
10. Nico Hulkenberg – Sauber-Ferrari
11. Paul di Resta – Force India-Mercedes
12. Sergio Perez – McLaren-Mercedes
13. Adrian Sutil – Force India-Mercedes
14. Mark Webber – Red Bull Racing-Renault
15. Pastor Maldonado – Williams-Renault
16. Jean-Eric Vergne – STR-Ferrari
17. Valtteri Bottas – Williams-Renault
18. Esteban Gutierrez – Sauber-Ferrari
19. Jules Bianchi – Marussia-Cosworth
20. Max Chilton – Marussia-Cosworth
21. Charles Pic – Caterham-Renault
22. Giedo van der Garde – Caterham-Renault

Текст: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.