На автомобилскиот саем во Њу Јорк, Jeep го претстави контроверзниот нов Cherokee, со неговиот многу критикуван преден дел.
Новиот Cherokee се одликува со револуционерен и несекојдневен дизајн, и е поставен на модифицирана платформа од Alfa Romeo Giulietta, која е заслужна за намалување на тежината за 180 килограми во споредба со претходниот модел. Фактот дека е базиран на платформа од компакт ветува подобро управување на пат, комфорно возење и голем простор во внатрешноста.
Ентериерот е дизајниран во сличен стил како кај Dodge Dart. Тука се наоѓаат ергономски дизајнирани седишта, 60/40 поделеност на задната клупа и стандарден 5-инчен екран на допир или опционален 8.4-инчен дисплеј со сателитска навигација и блутут.
Погонските единици се состојат од 2.4-литарски четири-цилиндарски бензински агрегат со 184 кс и 232 Nm, како и 3.2-литарски V6 бензински мотор кој испорачува 267кс и 316 Nm максимален вртежен момент. Двата агрегати ќе бидат усогласени со девето-степен автоматски менувач за прв пат во сегментот.
Помалиот мотор конзумира просечно 7.6 литри на 100 километри. Оваа ниска бројка делумно се должи на тоа што е базиран на хечбек, и делумно бидејќи има способност да премине од 4х4 во погон на само предните тркала.
Новиот Cherokee ќе биде достапен со четири различни нивоа на опрема наречени: Sport, Latitude, Limited и Trailhawk, кој е теренски најспособен од сите.