full screen background image
Search

1-2 Победа за Red Bull во Малезија!

Германецот Себастијан Фетел од тимот на Red Bull, победи на денешната трка за големата награда на Малезија.

Трикратниот и актуелен Ф1 шампион, Себастијан Фетел, на денешната трка на патеката Сепанг ја забележа својата 27ма победа во кариерата. Со оваа победа Фетел се израмни со Сер Џеки Стујарт по бројот на победи на Формула 1. За Фетел ова е и 3та победа на патеката Сепанг со што се изедначи со Фернандо Алонсо и легендарниот Михаел Шумахер кои исто така имаат по 3 победи на оваа патека.

Трката започна со многу возбудувања. Патеката беше влажна и сите возачи на стартот беа со intermediate пневматиците. Големо разочарување за фановите на Ferarri беше откaжувањето на Фернандо Алонсо по само еден извозен круг. Шпанецот го оштети предното крило уште на самиот старт на трката кога во втората кривина дојде до мал контакт на неговиот болид со задниот дел од болидот на Фетел. Алонсо можеше да стигне до боксот со оштетено крило и да го замени, но тој одлучи да ризикува и наместо да ги посети механичарите тој ја продолжи трката, а неговото предно крило не успеа да ја издржи брзината на стартно-целната рамнина и потполно се одвои од болидот што резултираше со излетување на Алонсо надвор од патеката и крај на трката за него.

Двоецот на Mercedes Нико Розберг и Луис Хамилтон не дозволи уште на стартот тимот на Red Bull да направи предност и во голем дел од трката вршеа притисок на позициите на Фетел и Вебер, но немаа доволно сила за да успеат да се вмешаат во борбата за победа.

Оваа трка ја одбележаа и тимските наредби, поради кои подиумот по крајот на трката изгледаше многу невообичаено и се чувствуваше тензијата и напнатоста кај возачите. Марк Вебер кој добар дел од трката беше во водство, не пропушти да изјави дека Фетел има голема подршка и заштита од тимот и дека Германецот не се држел до тимскиот договор. Хамилтон призна дека на подиумот наместо него требаше да биде неговиот тимски колега Нико Розберг, кој беше видливо побрз од Хамилтон на крајот од трката, но не му беше дозволено од тимот да изрши престигнување.

Интересен за споменување е моментот кога Луис Хамилтон при неговото второ влегување во бокс, најпрво по грешка застана во својот поранешен тим McLaren, па од кога му беше сигнлазирано ја воочи грешката и продолжи со движење за да стигне до боксот на својот тим.

Нови возбудувања не очекуваат за 3 недели, кога на програмата е трката за големата награда на Кина. Дотогаш може да се приклучите во дискусијата на нашиот форум во темата за овогодинешната сезона на Формула 1.

Со оваа победа Фетел и тимот на Red Bull, се искачија на првото место во генералниот поредок.

Резултати

Поз.  	Возач 		Tим			Круг	Време/пов 	Ст. 	Бод.
1 	S.Vettel 	RBR-Renault 		56 	1:38:56.681 	1 	25
2  	M.Webber 	RBR-Renault 		56 	+4.2 secs 	5 	18
3  	L.Hamilton 	Mercedes 		56 	+12.1 secs 	4 	15
4  	N.Rosberg 	Mercedes 		56 	+12.6 secs 	6 	12
5  	F.Massa 	Ferrari 		56 	+25.6 secs 	2 	10
6  	R.Grosjean 	Lotus-Renault 		56 	+35.5 secs 	11 	8
7  	K.Räikkönen 	Lotus-Renault 		56 	+48.4 secs 	10 	6
8  	N. Hulkenberg 	Sauber-Ferrari 		56 	+53.0 secs 	12 	4
9  	S.Perez 	McLaren-Mercedes 	56 	+72.3 secs 	9 	2
10  	J.Vergne 	STR-Ferrari 		56 	+87.1 secs 	17 	1
11  	V.Bottas 	Williams-Renault 	56 	+88.6 secs 	18 	
12  	E.Gutierrez 	Sauber-Ferrari 		55 	+1 Lap 		14 	
13  	J.Bianchi 	Marussia-Cosworth 	55 	+1 Lap 		19 	
14  	C.Pic 		Caterham-Renault 	55 	+1 Lap 		20 	
15  	G. Garde 	Caterham-Renault 	55 	+1 Lap 		22 	
16 	M.Chilton 	Marussia-Cosworth 	54 	+2 Laps 	21 	
17 	J.Button 	McLaren-Mercedes 	53 	+3 Laps 	7 	
18 	D.Ricciardo 	STR-Ferrari 		51 	+5 Laps 	13 	
Ret  	P.Maldonado 	Williams-Renault 	45 	+11 Laps 	16 	
Ret  	A.Sutil 	Force India-Mercedes 	27 	Wheel nut 	8 	
Ret  	P.Resta 	Force India-Mercedes 	22 	Wheel nut 	15 	
Ret  	F.Alonso 	Ferrari 		1 	Accident 	3

Генерален Пласман

Возачи:
1. S. Vettel		40
2. K. Raikkonen		31
3. M. Webber		26

Тимови:
1. RBR-Renault		66
2. Lotus-Renault	40
3. Ferrari		40

Текст: Игор Андоноски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.