Автомобилскиот саем во Женева е во полн ек, а јапонскиот производител го искористи да ја најави караванската изведба на Civic со Tourer Concept.
Honda Civic се покажува како навистина привлечен модел, а во Македонија беше и кандидат за автомобил на годината. Ние веќе ја имавме можноста да го пробаме новиот Civic во хечбек изведба, но во Женева Honda ја најавува и караванската верзија со моделот Civic Tourer Concept.
Според најавите, Civic Tourer ќе пристигне на пазарот на почетокот на 2014, и е дизајниран во Европа, за европските купувачи. Ние сметаме дека дизајнот е успешен, и дека дури изгледа подобро од хечбек варијантата. Од Honda најавуваат дека понудата на простор ќе биде водечка во класата, но дека спортскиот дух ќе биде задржан благодарение на ниската и широка линија на автомобилот.