Ова е Lamborghini Veneno – и не, не може да имате едно! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е Lamborghini Veneno – и не, не може да имате едно!

Veneno е новиот супер-екслузивен модел на Lamborghini. Колку ексклузивен? Па, ќе има само три парчиња, и сите се веќе продадени по цена од „само“ 3.5 милиони евра!

Наскоро ќе имаме повеќе информации за Veneno – името значи „отров“* на шпански, но тоа што до сега го знаеме е дека ќе чини нешто „ситно“ над 3.5 милиони евра, ќе има 6.5-литарски V12 мотор кој ќе испорачува 740 коњски сили, ќе забрзува до 100 километри на час за 2.9 секунди и ќе има максимална брзина од 355 километри на час.

Сега за сега, информациите се ограничени, но ние ќе продолжиме да ве известуваме кога ќе дознаеме повеќе.

*Отров скапо, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.